• вторник, 05 ноември 2024

Пешкирот со кој Коби Брајант одржа проштален говор продаден за 33 илјади долари

Пешкирот со кој Коби Брајант одржа проштален говор продаден за 33 илјади долари
Лос Анџелес, 30 март 2020 (МИА) - Пешкирот со кој легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант одржа проштален говор по неговиот последен натпревар во НБА, на 13 април 2016 година, се продаде за 33.000 долари. Според „Си-Ен-Ен“, купувачот е голем обожавател на Лејкерс и тој ја има најголемата колекција на меморијали за „езерџиите“. Сонува да создаде музеј за ЛА лејкерс во Јужна Калифорнија. Кога Брајант го напуштил местото по неговиот проштален говор, а еден од навивачите му го зема пешкир кој му беше на рамената. Истата година, навивачот го продаде пешкирот на аукција за 8.365 долари. Вчера, пешкир заедно со два билета за последниот натпревар на Коби беа продадени за 33.077 долари. зс/

Остани поврзан