• петок, 22 ноември 2024

Пешиќ: Горд сум како одиграа моите кошаркари

Пешиќ: Горд сум како одиграа моите кошаркари

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ изјави дека е горд на тоа како одиграле неговите кошаркари, но дека победникот на крајот го решиле „една или две топки“. 

На констатацијата од српските новинари дека судиите го решиле натпреварот, Пешиќ одговори: „Во Србија постои реченица која ја користиме, кој губи има право да се лути“.

- Не сум лут туку горд, видовте со што игравме, Милутинов имаше треска, ни Јовиќ не беше подготвен. Ајде да ги опоравиме за поголема ротација против Германците. Не барам изговори, јас сум лут затоа што не ја добивме почитта од судиите, но тоа не беше случај само на овој натпревар, изјави српскиот селектор. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан