Пешак тешко повреден во сообраќајка во близина на трговската зона во Струга
- Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид.

Струга, 16 јануари 2025 (МИА) - Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид.
Портпаролот Стефан Димоски појасни дека во 1 часот и 50 минути во полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан - Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од селото Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, изјави Димоски.
Увидна екипа на ОВР Струга извршила увид на местото на незгодата. сс/са/
Фото: МИА