• четврток, 04 декември 2025

Пецаков најави изградба на Младински културен центар во Охрид

Пецаков најави изградба на Младински културен центар во Охрид

Охрид, 6 октомври 2025 (МИА) – Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат. Затоа, во следниот мандат, наш приоритетен проект е изградбата на модерен Младински културен центар (МКЦ) во рамки на поранешната касарна. Тоа го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пецаков, локацијата не е случајно избрана, туку се трансформира просторот на поранешната касарна, во вистински центар на креативноста и културата.

-На едно место се спојуваат сите организации и иницијативи, создавајќи жива и инспиративна заедница. МКЦ не е само зграда. Таа е место каде ќе има простории за сите што сакаат да свират, изложбен салон за младите уметници, простор за работилници, настани и забава. Го градиме Охрид за младите, го градиме Охрид за сите, вели Пецаков. аб/дма/

фото: Кирил Пецаков

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан