• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пехчевскиот градоначалник Китански во посета на Помурската Стопанска Комора на Словенија

Пехчевскиот градоначалник Китански во посета на Помурската Стопанска Комора на Словенија

Пехчево, 11 април 2025 (МИА) -  Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански ја продолжува работната посета на Република Словенија. Во рамки на престојот во Словенија, Китански оствари средба со директорот на Помурската Стопанска Комора,  Роберт Грах на која се разговарало за економските потенцијали и предизвици на регионот Помурје, во најбрзо растечката економија во Словенија. 

-На средбата беше нагласена важноста од унапредување на соработката со македонски компании. Во фокусот на разговорите беа можностите за заеднички проекти во областа на туризмот, дрвната индустрија и трговската размена. Двете страни ја изразија подготвеноста за продлабочување на економските врски и за создавање поволна бизнис-клима за идни инвестиции, истакна Китански.

Пехчевскиот градоначалник исто така оствари посебна средба со д-р Милан Светец, директор на Јавниот завод за научни истражувања, средба на која биле разгледани потенцијалите за научна и техничка соработка меѓу двете институции.

-Како дел од активностите за унапредување на меѓурегионалната соработка, се планира организирање на возвратна деловна средба во Пехчево, каде што компании од Помурската област ќе имаат можност да се запознаат со условите и предностите за инвестирање во индустриската зона во Пехчево, додаде Китански.

Оваа посета, според Китански претставува значаен чекор кон градење на стабилни економски врски помеѓу регионот Помурје и Општина Пехчево. Соработката, како што додаде продолжува со засилен интензитет. вс/дма/


Фото: МИА
 

Остани поврзан