• среда, 15 мај 2024

Пет медали за кик-боксинг клубот АС од Делчево од „Балкан Бест Фајтер 2023“

Пет медали за кик-боксинг клубот АС од Делчево од „Балкан Бест Фајтер 2023“

Делчево, 3 декември 2023 (МИА) - Со освоени два сребрени и три бронзени медали, кик боксинг клубот АС од Делчево се враќа од Србија каде во Јагодина учествуваше на престижното Балканско првенство Балкан Бест Фајтер. На натпреварувањето делчевскиот клуб учествуваше со пет претставници, кои се натпреваруваа во исто толку категории.

-Сребрените медали им припаднаа на Лука Пешов во детска конкуренција и Максим Јанкуловски во конкуренција за помлади кадети. Кај повозрасните кадети со бронза се закити Андреј Митков, додека во јуниорска конкуренција бронзата им припадна на Павел Стојчевски и Арнес Хајдер, информираше тренерот Љупло Стојчевски.

За клубот од Делчево, како што додаде годината која полека изминува е повеќе од успешна.

-Успешна затоа што имавме освоено медали на речиси сите првенства и купови на кои учествувавме. Имавме настапи во  Босна, Црна Гора, Србија, а не очекуваат и настапи во Бугарија, додаде Стојчевски.

Од клубот се заблагодарија до Локалната самоуправа за финансиската поддршка која им е обезбедена за учество на најзначајните турнири. вс/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан