• недела, 12 мај 2024

Пет лица повредени во пожар на карневал во германскиот град Кил

Пет лица повредени во пожар на карневал во германскиот град Кил

Штутгарт, 4 февруари 2024 (МИА) - Најмалку пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога се запалила платформа на карневал во германскиот град Кил, јави ДПА.

Еден од повредените се здобил со тешки изгореници и со хеликоптер е пренесен во болница.

Според првичните сознанија на полицијата, пожарот го предизвикала експлозија на карневалската платформа. 

За да се спасат од пламените јазици, неколку луѓе скокнале од платформата на улицата по која се движела каревалската поворка.

Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а парадата, која ја следеле десетици илјади луѓе, е прекината.са/

Фото: ДПА

 

 

Остани поврзан