• сабота, 23 ноември 2024

Пет египетски „инфлуенсерки“ осудени на две години затвор

Пет египетски „инфлуенсерки“ осудени на две години затвор
Каиро, 28 јули 2020 (МИА) - Пет „инфлуенсерки“ од Египет се осудени на две години затвор и казна од речисио 19.000 долари поради „објавување непристојни видеа" на апликацијата Тик-Ток. Затворската казна за петте млади жени е првата изречена во рамки на кампањата на властите против „инфлуенсерите“ на интернет. Како одговор на оваа судска одлука, активистите покренаа интернет-кампања, со цел девојките да бидат пуштени на слобода. Во обвинението, официјално е наведено дека жените ги прекршиле вредностите и принципите на египетското општество и објавувале непристојни фотографии и видеоснимки што му штетат на јавниот морал. Три од осудените инфлуенсерки, исто така, се осудени за учествување во непристојни видеоповици кон мажи. Во Египет неодамна беа уапсени повеќе лица, главно жени кои се популарни на видеоплаформата Тик-Ток.  си/сд/

Остани поврзан