• среда, 25 март 2026

Петрушевски: Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па затоа добил ауди Q8?

Петрушевски: Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па затоа добил ауди Q8?

Скопје, 9 јуни 2025 

Почитувани,

Венко Филипче да каже што друго освен луксузното Ауди Q8 има како профит од тендерите со јаглен во ЕСМ од фирмите на Вице Заев и Енис Колашинац?

Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па е награден со луксузно ауди?

Венко Филипче и СДС не можат да молчат особено што фирмата на Вице Заев во Бугарија, Гомасидра, која инкасирала 9 милиони евра од јагленот, се наоѓа на иста адреса како и неговата фирма „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd).

Венко Филипче и Вице Заев делат ист канцелариски простор, на нивните фирми во Бугарија, на иста адреса се наоѓаат и редица фирми на Заев.

Очигледно е дека фирмите на Заеви и Филипче во Бугарија се испреплетени, а парите помеѓу нив се во ист двор.

Очекуваме ЈО да реагира и отвори случај за Венко Филипче, а за тоа има пред сè две многу силни причини:

Прво, фирмата добитник на државен тендер за испорака на јаглен, му купила луксузен џип ауди Q8 од 130 илјади евра.

И под два, милиони од тој тендер завршиле на сметка на фирма на Вице Заев во Бугарија со иста канцеларија со фирмата на Венко Филипче.

Очекуваме ЈО да отвори истрага, одговорност мора да има.

Петрушевски: Нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството

Прашање: Ваш коментар за обвинувањата на СДСМ за употребата на пиротехника од УМС

Одговор: Најпрвин категорично да изјавам дека не е прекршен ниту еден закон.

Меѓутоа нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството

СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека согласно законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната се однесува за во затворени простории, а собирот на УМС беше на отворено. Уште повеќе СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во група на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.

СДС намерно го изоставува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителоноста на СДС сметавме дека го достигна врвот, очигледно не сме биле во право и СДС може да тоне уште повеќе.

 

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=32MI-E_nQgM

 

https://we.tl/t-ae7zjO27CS

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан