Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади, а незаконски земале половина милион евра субвенции
- СООПШТЕНИЕ - Љупчо Дон Николовски овозможил Арекспорт од Струмица, да го оштети буџетот за над половина милион евра. Љупчо Николовски е министер во МЗШВ кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на Арекспорт, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината.
12 сепетмври 2024
Љупчо Дон Николовски овозможил Арекспорт од Струмица, да го оштети буџетот за над половина милион евра.
Љупчо Николовски е министер во МЗШВ кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на Арекспорт, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината.
Љупчо Николовски можел да го раскине договорот, но тоа не го сторил.
Љупчо Николовски не може да се вади на службите и вработените во МЗШВ, затоа што покрај другите услови фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра.
Дополнително станува збор за 1.416 хектари земја, а не за 100 или 1000м2, како Љупчо Николовски не можел да каже дека не знаел или не пристигнала информација до него.
Во ред е Љупчо Николовски да не знае за некој договор или сметка што ја потпишал од 1.000, 10.000 или дури и 100.000 денари, но да не знае за договор за закуп на над 1400 хектари кој не се извршува согласно закон, за кој не се плаќа закупнина и земја на која незаконски се земале половина милион евра субвенции нема никој да поверува.
Љупчо Николовски треба да одговори, зошто никој не ги исконтролирал дали Арекспорт ги инвестирала ветените над 2.4 милиони евра? Наместо да се крие зад службеници во министерството да понесе одговорност.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=kPWSBqK_9TQ
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки