• недела, 22 декември 2024

Петров: Почна реконструкцијата на локалниот пат Демир Капија - Попова кула

Петров: Почна реконструкцијата на локалниот пат Демир Капија - Попова кула

Демир Капија, 19 август 2023 (МИА) - Започнаа градежните активности за реконструкција на локалниот пат Демир Капија – Попова Кула, со што ќе се реши долгогодишниот проблем за пристап во овој дел од градот и безбедното движење на сите учесници во сообраќајот, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. 

-Овој потег е во должина од 865 метри. Активно се работи на терен, па се очекува во најбрз можен рок да се завршат градежните работи. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 11.292.153 денари со вклучен ДДВ 18 отсто, а средствата се добиени од Министерството за транспорт и врски, преку програмата Проекти за поврзување на локални патишта – ЕИП – Проекти од Светска Банка. Упатуваме особена благодарност до Министерството за постојаната поддршка која ја пружаат на Општина Демир Капија, соопшти Петров.

Тој додаде дека се продолжува заедно да се решаваат сите проблеми во Демир Капија. Со цел, како што нагласи, да се направи уште поубаво место за живеење.

Изведувач на работите на патот е ДГТ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица. свд/вг/


Фото: градоначалник Лазар Петров 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан