Петровска: Вработени во Министерство за одбрана биле повикани на разговор бидејќи ги поддржувале протестите за Фросина
- Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина и дали тоа значи дека биле против Владата. Ова се случило после првиот одржан протест, објави пратеничката Славјанка Петровска која беше и министерка за одбрана.

Скопје, 2 март 2025
Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина и дали тоа значи дека биле против Владата. Ова се случило после првиот одржан протест, објави пратеничката Славјанка Петровска која беше и министерка за одбрана.
-Вчера, неколку вработени, истотака од претставници на Службата, биле опоменати „да внимаваат на што ставаат лајк и да не поддржуваат самонаречени жртви“. Во услови на сложени геополитички односи и засилени активности на нашата територија на разузнавачки служби кои не се НАТО членки, чуварот на столчето во министерството за одбрана Мисалјовски вака ги поставува приоритетите. Вака горди не се станува!, наведува Петровска.
Многу скоро, со име и презиме, ќе ги објавам сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата, стои во објавата на Славјанка Петровска.
Линк: https://www.facebook.com/100039384651153/posts/1447225359933605/?rdid=Pi1Y8IEuQ21Lifw9#
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.