Петнаесетгодишно дете загина во руски напад со дрон врз станбен блок во Одеса
- Петнаесетгодишно дете загина, а 58 лица се евакуирани, меѓу кои и осум деца, по напад со дрон врз станбен блок во текот на ноќта во Одескиот реон, соопшти претседателот на Одеската обласна воена администрација, Олег Кипер на Телеграм.
Одеса, 22 јануари 2026 (МИА) - Петнаесетгодишно дете загина, а 58 лица се евакуирани, меѓу кои и осум деца, по напад со дрон врз станбен блок во текот на ноќта во Одескиот реон, соопшти претседателот на Одеската обласна воена администрација, Олег Кипер на Телеграм.
- За жал, загинатото момче имаше смртоносни рани. Изразувам сочувство до семејството на загинатиот, рече Олег Кипер.
- Во текот на ноќта Русите повторно го нападнаа цивилното население во Одескиот регион со дронови. Дрон удрил меѓу 18-тиот и 19-тиот кат на станбен блок, без последователна детонација. Нанесена е штета на фасадата и на застаклените делови на зградата, како и на патнички автомобили пред блокот, информира локланиот гувернер.
Соодветните служби ги отстрануваат последиците од ноќниот напад. јт/
Фото: Кипер на Фејсбук