• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петмина убиени, осум повредени во напад во Кашмир

Петмина убиени, осум повредени во напад во Кашмир

Њу Делхи, 22 април 2025 (МИА) - Најмалку пет лица се убиени, а осум се повредени откако осомничени милитанти отвориле оган врз нив во индискиот регион Кашмир.

Според индиската полиција, нападот се случил во Пахалгам, популарна туристичка дестинација на претежно муслиманска територија која привлекува илјадници туристи секое лето.

Според властите, нападот бил дело на милитанти кои отвориле автоматски оган врз туристите во Баисаран, на околу пет километри од Пахалгам. Повеќе туристи, главно Индијци, се здобиле со прострелни рани и се на пат кон болница. Властите трагаат по напаѓачите, областа е опколена. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан