• недела, 22 декември 2024

Петков: Нема да донесам независна одлука, ќе ја следам волјата на Собранието

Петков: Нема да донесам независна одлука, ќе ја следам волјата на Собранието
Софија, 17 јуни 2022 (МИА) - Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука, јави дописникот на МИА од Софија. -Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не ја донесе бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков. Рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија - и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата. Како што рече, не го прочитал францускиот предлог, кој е испратен директно до Собранието. -Нема да донесам никаква независна одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, изјави  Петков. нк/хс/  

Остани поврзан