• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песочни бури и град низ Кина, силен ветер и проблеми во сообраќајот во Пекинг  

Песочни бури и град низ Кина, силен ветер и проблеми во сообраќајот во Пекинг  

Пекинг, 12 април 2025 (МИА) - Жителите на главниот град на Кина денеска се засолниле бидејќи ретки силни ветрови налик на тајфун ги погодија северните провинции, затворајќи историски места и го прекинаа сообраќајот, додека во некои области паѓаше снег и град. 

Прозорците се тресеа, а дрвјата паѓаа на пешачките патеки и автомобилите додека налетите на ветрот, поттикнати од студениот вртлог од соседна Монголија, ги намалија температурите за повеќе од 12 степени Целзиусови. 

Ветровите, кои започнаа вчера, ќе продолжат да дуваат во текот на целиот викенд со брзина до 150 километри на час, јави државната агенција Ксинхуа. Тие со себе донесоа снег во кинеската провинција Внатрешна Монголија и град на југот на земјата. 

Пекинг за прв пат во една деценија го издаде второто највисоко предупредување за налети на ветрот, предупредувајќи ги своите 22 милиони жители да избегнуваат несуштински патувања бидејќи ветровите би можеле да достигнат рекордна брзина поставена во април 1951 година. 

Ветровите беа во централната тема на социјалните мрежи, при што многу луѓе изразија загриженост за луѓето кои доставуваат храна кои се справуваат со лошите временски услови. 

„Во ова време, можеме да одлучиме да не нарачуваме испорака, ним им е претешко“, напиша еден корисник на социјалната платформа Веибо. 

На двата главни аеродорми во Пекин до 11:30 часот по локално време откажани беа 838 летови, покажа апликацијата Flight Master за следење летови.  

Историските локалитети и паркови во главниот град се затворени, а некои стари дрвја се исечени во исчекување на налетите на ветерот. 

Ветровите доведоа и до одложување на полумаратонот закажан за утре, каде хуманоидните роботи требаше да се натпреваруваат со луѓето за да го претстават технолошкиот напредок на Кина. 

Песочните бури од Внатрешна Монголија до областа околу реката Јангце го нарушија патниот сообраќај во осум провинции, објавија Ксинхуа и државната телевизија CCTV. 

Силните ветрови кои носат песок од Монголија се вообичаени секоја пролет, но климатските промени го направија времето поекстремно.сд/ 

фото:Х

Остани поврзан