Песков: Трилатерална средба само по конкретни договори меѓу Москва и Киев
- Таков состанок мора да биде резултат на конкретни договори помеѓу двете делегации, руската и украинската, наведе Песков
Москва, 28 мај 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека трилатерален состанок Русија – САД – Украина би можел да се одржи само по „конкретни договори“ помеѓу Москва и Киев.
- Таков состанок мора да биде резултат на конкретни договори помеѓу двете делегации, руската и украинската, наведе Песков.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Путин, истовремено повикувајќи го Вашингтон да воведе нови санкции против Москва. ми/
фото: ЕПА