• четврток, 26 март 2026

Песков: Русија соодветно ќе одговори на украинските напади

Песков: Русија соодветно ќе одговори на украинските напади

Москва, 5 јуни 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија ќе одговори на најновите украински напади на начин и во момент што армијата ќе го оцени како соодветен.

Украина за време на викендот со дронови нападна руски военовоздухопловни бази. Русија ја обвини Украина и за минирање на железнички мостови, при што загинаа седум луѓе.

Песков посочи дека претседателот Владимир Путин го нарекол Киев „терористички режим“ бидејќи „свесно била издадена наредба да се дигне во воздух патнички воз. Тоа не е ништо друго освен тероризам на државно ниво“.

Украина јавно не ја презеде одговорноста за нападот, а Русија не достави докази дека нападот бил нареден од украинските лидери. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан