• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Испораката на американски ракети со долг дострел за Киев нема да промени ништо во конфликтот

Песков: Испораката на американски ракети со долг дострел за Киев нема да промени ништо во конфликтот

Москва, 25 април 2024 (МИА) - Испораката на американските ракети ATACMS на Украина нема да промени ништо во конфликтот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, еден ден по најавата од Вашингтон за испраќање на овие ракети со долг дострел во Киев.

-Соединетите Американски Држави се директно вклучени во овој конфликт, тие тргнаа на патека насочена кон зголемување на опсегот на вооружениот систем, рече Песков.

Тој додаде дека испраќањето ракети нема да може да го промени „исходот од специјалната воена операција“.

-Украина првпат почна да користи балистички ракети со долг дострел, кои тајно ѝ беа доставени од Соединетите држави, кога бомбардираше руски воен аеродром на Крим минатата недела и руски сили во друга окупирана област, објавија вчера американските власти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан