• среда, 05 март 2025

Песков: Декретот на Зеленски од 2022 година е пречка за мировните преговори

Песков: Декретот на Зеленски од 2022 година е пречка за мировните преговори

Киев, 5 март 2025 (МИА) - Русија ја поздрави подготвеноста на претседателот на Украина, Володимир Зеленски да преговара за мир, нарекувајќи го „позитивен“ чекор.

Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја доведе во прашање практичноста на таквите разговори, истакнувајќи дека Зеленски законски ги забрани преговорите со рускиот претседател Владимир Путин преку декрет потпишан во 2022 година.

Значи, генерално, пристапот е позитивен, но нијансите се уште не се променети. Засега сè уште постои законска забрана претседателот на Украина да преговара со руската страна, истакна Песков.

Зеленски вчера изјави дека е подготвен да работи под „силното раководство“ на американскиот претседател Доналд Трамп за да се постигне траен мир во Украина, неколку дена по нивниот вербален судир во Овалната соба.

Како дел од неговите напори да ги поправи односите со Трамп, Зеленски предложи нова рамка за делумен прекин на огнот, што ќе вклучува „забрана за ракети, беспилотни летала со долг дострел, бомби за енергија и друга цивилна инфраструктура“.

Додека шефот на кабинетот на Зеленски Андриј Јермак денеска на Телеграм објави: „Русија мора веднаш да го запре секојдневното бомбардирање на Украина, ако навистина сака крај на војната“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан