• понеделник, 23 декември 2024

„Перспектива за заедничка иднина“ - настан на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на земјава во ЕУ

„Перспектива за заедничка иднина“ - настан на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на земјава во ЕУ

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Меѓународниот балкански универзитет денеска ќе се одржи настанот „Перспектива за заедничка иднина“, на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Турција.

Настанот ќе се одржи во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет, а како што е најавено, ќе опфати воведни обраќања, тематски говори и панел дискусии, со присуство на државни и дипломатски претставници, како и експерти од областа на европските интеграции. 

Како што соопштија од Меѓународниот балкански универзитет, обраќање ќе има министерот за европски прашања Орхан Муртезани, како и амбасадорите на Унгарија и Турција во земјава, Андраш Клајн и Фатих Улусој. бт/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан