Перкинс: Док Риверс доби отказ затоа што неговите суперѕвезди не успеаја да победат во серијата по водство од 3-1
- Шампионот во НБА-лигата, а сега експерт за „ЕСПН“, Кендрик Перкинс верува дека Клиперси го искористија тренерот Док Риверс како жртвено јагне откако загубија од Денвер во второто коло од плеј

Вашингтон, 30 септември 2020 (МИА) - Шампионот во НБА-лигата, а сега експерт за „ЕСПН“, Кендрик Перкинс верува дека Клиперси го искористија тренерот Док Риверс како жртвено јагне откако загубија од Денвер во второто коло од плејофот (3-4).
- Риверс беше отпуштен затоа што неговите суперѕвезди не успеаја да ја добијат серијата во која имаа 3-1. Ме загрижува тоа што неговата клупа апсолутно не успеа да се докаже. Како и да е, Док заслужува повеќе, напиша на Твитер Перкинс.