• сабота, 20 април 2024

Перез: Ред Бул изгледа одлично во целина, но конкуренцијата сепак се чувствува

Перез: Ред Бул изгледа одлично во целина, но конкуренцијата сепак се чувствува

Џеда, 17 март 2023 (МИА) - Пилотот на Ред Бул, Серхио Перез ги коментираше резултатите од вториот тренинг на „Гран при на Саудиска Арабија“.

 

- Ги анализиравме условите, бидејќи познавањето на патеката е многу важно. Денес имавме мал проблем со болидот. Се надеваме дека ќе го надминеме до утре. Потоа да додадеме брзина. Генерално изгледаме одлично, но конкуренцијата сè уште се чувствува. Мислам дека утре некои ривали очигледно ќе засилат, изјави Перез за „Скај Спортс.

 

На првиот тренинг Перез го зазеде второто место, на вториот - третото.

 

Утре, 18 март, ќе се одржи завршниот тренинг, а потоа и квалификациите. Главната трка е в недела од 18 часот по македонско време. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан