• недела, 06 октомври 2024

Перез во 2025 година ќе се повлече од функцијата претседател на Реал

Перез во 2025 година ќе се повлече од функцијата претседател на Реал

Мадрид, 17 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе се повлече од функцијата во 2025 година.

Според шпанскиот новинар Чиро Лопез првиот човек на „кралскиот клуб“ смета дека завршувањето на реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ е негова последна голема должност кон клубот.

Перез првпат го презеде Реал Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, тој поднесе оставка. Флорентино по втор пат стана претседател на „кралевите“ во 2009 година и оттогаш е на функцијата.

Реал Мадрид се наоѓа на второто место во Ла Лига со 38 бодови од 16 кола. Мадридскиот клуб заостанува три бода зад лидерот во првенството – Барселона. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан