• недела, 22 декември 2024

Пеп за Артета: Треба да биде појасен кога вели дека ги има сите информации за Манчестер сити

Пеп за Артета: Треба да биде појасен кога вели дека ги има сите информации за Манчестер сити

Манчестер, 28 септември 2024 (МИА) - Пеп Гвардиола изјави дека Микел Артета треба да биде појасен за неговите ставови околу обвиненијата за Манчестер сити.

По натпреварот од 5. коло од Премиер лигата на „Етихад“ (2:2), на Артета му било кажано дека играчите на Сити се пожалиле дека Топџиите користат „мрачните уметности“, на што тој одговорил: „Таму бев четири години. Ги имам сите информации, верувајте ми“, навестувајќи дека Сити ја користел истата тактика.

- Дали тоа го рече? Следниот пат треба да биде појасен што значи ова. Тој рече дека бил тука четири години и точно знаел што се случило овде. Но, ова би можело да важи и за случајот со 115 обвиненија - можеби токму тоа мислеше? Можеби има информации за оваа работа. Се надевам дека му беше поставено соодветното прашање. Наместо да биде мрачен, требаше да биде појасен, изјави Гвардиола.

Тренерот на Арсенал работеше како помошник на Гвардиола во Манчестер сити од 2016 до 2019 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан