• петок, 22 ноември 2024

Пепе стана најстариот учесник во плејофот на Лигата на шампионите

Пепе стана најстариот учесник во плејофот на Лигата на шампионите

Порто, 22 февруари 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Порто, Пепе, стана најстариот фудбалер кој играл во плејоф натпревар од Лигата на шампионите.

Португалецот го одигра целиот натпревар синоќа против Арсенал (1:0) во 1/8-финалето на турнирот. Во моментот на рекордот, Пепе имаше 40 години и 360 дена.

Претходно, крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал со 16 години и 223 дена стана најмладиот дебитант во историјата на плејофот во Лигата на шампионите.

Пепе во текот на својата кариера покрај во Порто, настапуваше и за Бешикташ, Реал Мадрид и Маритимо. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан