• недела, 22 декември 2024

Пентагон: САД обучуваат украински персонал со системот „Свичблејд“ 

Пентагон: САД обучуваат украински персонал со системот „Свичблејд“ 

Вашингтон, 6 април 2022 (МИА) - Пентагон потврди дека САД обучуваат украински воен персонал за ракување со „Свичблејд“, оперативен тактички систем што испушта дронови со експлозив. 

 - Во консултации со Украинците се согласивме дека „Свичблејд“ има такви способности што тие можат да ги употребат, не е сложен систем да се научи да се ракува и да се употребува ефективно... И оваа обука не е се само за еднаш, изјави на денешниот брифинг Џон Кирби, портпарол на Пентагон.  

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на сослушување во Конгресот вчера изјави дека САД обучуваат украински војници како да ракуваат со напредно оружје. 

- Секако, тие треба да поминат низ подготовка. И ние тоа го правиме, изјави тој на сослушување во Претставничкиот дом пред Комитетот за вооружени сили на САД.

На сослушувањето беше и началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД, кој изјави дека подготовката на украинските војници се случува „сега во САД“. кб/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан