• петок, 22 ноември 2024

Пентагон го обвини Иран за провокации во Персиски Залив

Пентагон го обвини Иран за провокации во Персиски Залив
Вашингтон, 16 април 2020 (МИА) - Американската воена морнарица денеска соопшти дека флотила на Револуционерната гарда на Иран „опасно провоцирала“ во меѓународните води на Персиски Залив. Во соопштението на Пентагон се наведува дека 11 ирански воени бродови опасно се приближиле до конвојот од шест американски патролни бродови на морнаричката крајбрежна стража. Американските бродови учествувале во воена вежба на здружен напад со ескадрила на хеликоптери од типот Апачи. Инцидентот се случи еден ден откако група вооружени луѓе, за кои САД смета дека се припадници на иранската Револуционерна гарда, во водите на Омански Залив запленија танкер, што пловеше под знаме на Хонг Конг. Танкерот бил пренасочен кон иранските територијални води, а потоа беше ослободен. Официјален Техеран се уште не се има огласено за инцидентите. ми/

Остани поврзан