• понеделник, 15 април 2024

Пентагон ги оценува активностите на Кина во Азија како се поризични

Пентагон ги оценува активностите на Кина во Азија како се поризични

Синагапур, 4 јуни 2023 (МИА) - Американското Министерство за одбрана денеска ги осуди „се поризичните“ акции на кинеската војска во Азија по двата инциденти меѓу силите на двете земји во измиантите денови.

„Остануваме загрижени за се поризичните и насилните активности на Народноослободителната армија во регионот, вклучително и последните денови“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер, кој е заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на безбедносна конференција во Сингапур.

Тие изјави беа дадени по двата инцидента меѓу американската и кинеската војска во Тајванскиот теснец и Јужното Кинеско Море во изминатите десет дена. Американската морнарица вчера обвини кинески брод дека „опасно“ се движел околу еден негов разурнувач кој пловел низ Тајванскиот теснец придружуван од канадски брод.

Кина не го спомна инцидентот, но ги обвини САД и Канада дека „намерно предизвикуваат проблеми во Тајванскиот теснец“. зш/

Остани поврзан