Пентагон: Американската армија изврши напад во самоодбрана во источна Сирија
- Американската армија изврши напад во самоодбрана во источниот дел на Сирија, соопшти вчера Пентагон, истакнувајќи оти тоа не е поврзано со актуелното напредување на бунтовниците
Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) – Американската армија изврши напад во самоодбрана во источниот дел на Сирија, соопшти вчера Пентагон, истакнувајќи оти тоа не е поврзано со актуелното напредување на бунтовниците.
Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер изјави дека американската војска извршила напад за самоодбрана со ракетни фрлачи и тенк Т-64, откако проектили биле истрелани врз американските војници на позицијата Еуфрат.
Генерал Рајдер истакна дека во акцијата за самоодбрана успешно се елиминирани непосредните закани за американските војници и дека војската во моментов истражува кој ги нападнал американските сили.
Тој додаде дека силите поддржани од Иран претходно извршиле напади во тоа подрачје.
Во Сирија распоредени се околу 900 американски војници, кои се фокусирани на борбата против милитантите на Исламска држава. ми/
фото: МИА архива