• недела, 22 декември 2024

Пенс назначи национален координатор за борба со коронавирусот

Пенс назначи национален координатор за борба со коронавирусот
Вашингтон, 27 февруари 2020 (МИА) - Потпретседателот на САД, Мајк Пенс денеска објави дека ја назначува Деби Биркс за национален координатор за борба со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Биркс претходно се занимавала со прашања околу борбата со ХИВ и СИДА. Таа е дел од работната група под раководство на министерот за здравство и социјала Алекс Азар и ќе се координира со соработници во Советот за национална безбедност. Според Пенс, таа има одлична биографија како висок специјалист за здравство. Повеќе од три децении работела како доктор и научник во области на вирусни заболувања, разработка на вакцини и соработка меѓу институции. Таа учествувала во разработка на патентни вакцини во еден од најголемите тестови за испитување и развој на вакцини против ХИВ во историјата. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан