• недела, 30 јуни 2024

Пендаровски прими делегација од Пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република

Пендаровски прими делегација од Пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република која престојува во посета на нашата држава.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата се разговараше за заложбите за јакнење на билатералната соработка меѓу двете држави во контекст на парламентарната димензија, како и за француската поддршка во процесот на македонската европска интеграција.

Соговорниците го констатирале пријателството и напредокот на меѓусебните односи и вложените француски напори за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

-Тие разменија мислења и информации за преговорите за членство во ЕУ, тековниот скрининг процес, како и за следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за македонските пристапни преговори со Европската Унија, велат од Кабинетот на претседателот. бт/ац/

Фото: Кабинет на претседателот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан