• недела, 21 април 2024

Пендаровски не смета дека ќе бидат пробиени законските работни часови за изградбата на коридорите

Пендаровски не смета дека ќе бидат пробиени законските работни часови за изградбата на коридорите

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не наведува експилицитно дека 60 часа ќе биде работната недела, а содржи и една одредба во членот 117, став 2 (што се однесува за тоа колку може да трае прекувремената работа (најмногу осум часа во една работна недела или најмногу 190 часа годишно) која вели: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“.

Вака претедателот Стево Пендаровски објасни зошто одлучил да го потпише указот за измените и дополнувањата на Законот за работни односи за чие донесување реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии.

Одговорајќи на новинарски прашања откако соопшти дека одлучил да ги потпише указите за сите пет закони за изградба на коридорите 8 и 10д, Пендаровски попладнево, на прес-конференција, уште еднаш рече дека никому не му го оспорува правото да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека не држи ова негово толкување за Законот за работни односи. 

Тој изрази и лично уверување дека во однос на изградбата на коридорите во земјава, на ниво на квартал или на година нема да се пробијат законските часови.

-Сидникатот и неколку невладини организации минатата година, кога беше донесен „лек специјалис“ за истиот овој проект на „Бехтекл и Енка“ го оспорија целиот закон. Уставниоот суд рече дека целиот закон е во ред, освен членот 12 каде што пишуваше 60-часовна недела. Никому не му го оспорувам правото и сега да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека ова мое толкување не држи. Но, освен што нема експилицитно кажано дека 60-часа ќе биде работната недела по работник, има една друга одредба која можам да ја цитирам - членот 117 во став 2 зборува за тоа колку може да трае прекувремената работа, најмногу осум часа во една работна недела, најмногу 190 часа годишно и вели, тука влегуваме со тоа образложение дека ова може да не биде противуставен член или одредба: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Да преведам - зборуваме за автопатишта, знаете дека нивната градежна сеозна трае три до шест месеци максимум, во јануари и февруари никој не поставува асфалт, така што на ниво на квартал или на година мое уверување е дека нема да се пробијат законските часови, објасни Пендаровски.

За оние кои не знаат, како што укажа, Устаниот суд во својот „арсенал“ има посебни механизм и т.н. времена мерка па може да каже: „до конечна одлука стопираме се“.

- Тоа се опциите, подвлече претседателот Пендаровски. мч/са/ 

фото: МИА архива

Остани поврзан