• петок, 17 мај 2024

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа  

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа  

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ Стево Пендаровски на предизборен собир попладнево во Демир Хисар ги повика лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од засилување на реториката на меѓунационална основа. Порача дека на државава не и е потребна реториката од вчерашниот митинг на ДУИ и одговорот на главната опозициска партија. 

-Апелирам до двете страни, немојте два дена, три дена, пет дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, затоа што таа е многу чувствителна, многу експлозивна. Знаете дека имавме конлфикт во 2001, одвај се вративме, одвај се опоравивме и, во принцип, не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Затоа што - што ќе правиме кога ќе завшрат изборите?, рече Пендаровски. 

Според него, станува збор за луѓе кои се искусни, „кои не се вчерашни“, но сепак, рече, апелира на разум и на враќање на она што е најбитно за Македонија.

-Најбитно е економија и социјална политика и борбата против корупцијата. Мораме да го кренеме стандардот на граѓаните и немојте да ги креваме тензиите со муабети кој е поголем патриот од кого, истакна Пендаровски.

Повика темата за тоа кој бил победник во конфликтот во 2001 година „конечно да се остави на страна“  затоа што, како што рече, „во таа 2001 година немаше победник, сите бевме губитници, а Македонија најголем“.

По средбата со граѓаните во Демир Хисар, на последниот ден на изборната кампања Пендаровски вечерва ќе го посети и Ресен и ќе се обрати на централен митинг во Битола. хс/са/

Фото/видео: Тим за комуникации на кампањата „Нашиот претседател Стево“ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан