• среда, 27 ноември 2024

Пелони: Преземени се сите неопходни мерки за Грција да биде безбедна туристичка дестинација

Пелони: Преземени се сите неопходни мерки за Грција да биде безбедна туристичка дестинација
Атина, 27 мај 2021 (МИА) – Главната економска грижа на Владата, во оваа фаза е зајакнување на туристичкиот бран кон нашата земја. Веќе се преземени сите неопходни мерки за да функционира како безбедна туристичка дестинација и се развиваат насочени активности за привлекување на максимален број посетители, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пелони го оцени позитивно фактот што ЕУ го усвои и одобри грчкиот предлог за европски дигитален сертификат, кој „ќе го олесни движењето на европските граѓани“, додаде дека Грција е подготвена да го презентира сертификатот, а „целта е да го воведе порано со европските земји што се веќе подготвени“ и тоа во текот на јуни. ср/зш/

Остани поврзан