• петок, 22 ноември 2024

Пелеши на отворањето на НАТО база во Албанија: Сè може да се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени

Пелеши на отворањето на НАТО база во Албанија: Сè може да се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени

Тирана, 4 март 2024 (МИА) – На свеченоста на отворањето на воздухопловната база во Кучово, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши истата ја оцени како привилегија и знак на доверба кон Албанија, но исто така и „богатство за целиот регион“.

Најави дека беспилотните летала „Бајрактар“ во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување во блиска иднина, додавајќи дека мора да „бидеме подготвени бидејќи се може да се очекува од источниот фронт“.

-Кучово ќе служи како главна воздухопловна база, инвестицијата нема да запре до создавање на флота во служба на нашиот народ и сојузниците. Беспилотните летала Бајрактар во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување во блиска иднина. Оваа база е важна за мисиите на НАТО. Помошта што Албанија ќе им ја даде на соседните земји ќе н è направи повредни од било кога, рече меѓу другото Пелеши.

Според него, пред не повеќе од две години не ни помислувавме дека Европа ќе се соочи со таква агресија како што се случува со руската агресија во Украина.

-Се се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени да ги здружиме силите и да ги приклучиме нашите одбранбени капацитети. Нема големи и мали народи. Волјата за опстанок и достоинството вредат повеќе, порача тој.

Тој искажа голема благодарност до НАТО, до Турција, како и за соработката и присуството на овој свечен и многу значаен чин на министерите за одбрана на Италија, Северна Македонија, Косово и Црна Гора.

Се очекува обраќање и на виоски претставници на НАТО, како и на албански државни функционери.

Работите за трансформација на базата на НАТО во Кучово започнаа во јануари 2022 година. Инвестицијата е вредна околу 50 милиони евра и опфаќа реконструкција на магацини за оружје, бензински пумпи, магацини за оружје, паркинг за авиони, станица против несреќи и пожари, реконструкцијата на пистата и кулата

Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.

Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година. вт/ссм/

Остани поврзан