• петок, 11 октомври 2024

„Пајак“ и Диџеј Боно со настап на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show

„Пајак“ и Диџеј Боно со настап на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на годинашното издание на шампионатот IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024, денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ настап ќе одржи „Пајак“, а пред него ќе настапи Диџеј Боно.

Настанот, што ќе трае до 17 октомври, првпат се одржува во земјава, а се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери. Организатори се клубот „Брејк а Лег“ и Трајче Петковски.

-Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Покрај бројните изненадувања, едно од најинтересните случувања ќе се одржи денеска со настапот на добропознатата млада ѕвезда Пајак, пред кого ќе настапи и Диџеј Боно. Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, за кој влезот ќе биде бесплатен, соопштија организаторите.

Како што е најавено, официјално отворање на настанот ќе се одржи утре, каде сите држави ќе имаат ревијален дел со „Парадата на нации“, а веднаш потоа, ќе следува шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.бт/аа/

Фото: плакат

Остани поврзан