„Пајакот“ на „ПОЦ“ отстрани 105 непрописно паркирани возила за една недела
- ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар, како што се наведува, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос, настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината.

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, изминатата седмица санкционираа 195 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- Во периодот од 22 до 28 мај, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 90 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се појаснува во соопштението на „ПОЦ“.
ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар, како што се наведува, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос, настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината.
- Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се истакнува во соопштението. бд/дма/
Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“