• петок, 19 декември 2025

Пашинијан се обидува да ја вовлече Ерменија во западната сфера на влијание

Пашинијан се обидува да ја вовлече Ерменија во западната сфера на влијание

Ереван, 8 јули 2025 (МИА) – Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан ја обвини опозицијата дека со помош на Москва сака да ја смени актуелната власт. Тој ги именуваше поранешните ерменски претседатели Роберт Кочарјан и Серж Саргсјан, поединечни бизнисмени, Кремљ и ерменската црква дека работат против него.

Провладините медиуми објавија дека соборувањето на Пашинјан е дефинирано во документот наречен „Стратегија за државен удар“, кој предвидува формирање нова влада до 30 септември, кога е предвидено формирање на привремени тела и објавување на новиот политички курс на земјата.

Основачот на движењето Не за лагите, Ара Каранјан изјави дека Пашинијан преку нападите врз ерменската црква се обидува да создаде привид дека сите напади врз него доаѓаат од Русија.

Локалните медиуми во целост го прифатија антирускиот наратив, посочи Каранјан.

Додека антивладините активисти го обвинуваат Пашинијан дека врши агресивна пропаганда поради вовлекување на земјата во западната сфера на влијание, посебно на Франција.

Судирот помеѓу црквата и Пашинијан изминатите месеци резултираше со обвиненија за криминал, апсења на највисоките црковни претставници и протести. Пашинијан тврди дека спречил „масовна завера од страна на клерикалната олигархија“ и обиди од страна на црквата за дестабилизација на Ерменија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан