• вторник, 06 август 2024

Патријарх Даниил: Никогаш не престана верата и почитта на нашиот народ кон свети Јован Рилски

Патријарх Даниил: Никогаш не престана верата и почитта на нашиот народ кон свети Јован Рилски

Софија, 5 август 2024 - Никогаш не престана верата и почитта на нашиот народ кон свети Јован Рилски, рече Неговата Светост Софиски митрополит и бугарски патријарх Даниил на езерото Бабрека, каде изврши водосвет. Патријархот денеска беше пречекан во регионот на Рилските езера од поклоници кои пешачат по рутата „Рилски чудотворец“ која започнува од Софија и стигнува до Рилскиот манастир. Поклонението е посветено на патронот на цела Бугарија, свети Јован Рилски, а на него присуствуваат православните христијани кои со молитва и пеење одат по патот на моштите на светителот, кои од Трновград преку Софија беа донесени во Рилскиот манастир во 1469 година.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Патријархот Даниил беше пречекан од десетици поклоници со тропарот посветен на Свети Јован Рилски. Тој ги благослови мирјаните кои тргнаа на ова поатување, а потоа тргна со нив кон езерото Бабрека, каде изврши водосвет.

Срцето на човекот се радува кога ќе види толку многу души кои имаат љубов кон свети Јован Рилски и го поддржуваат неговиот подвиг, макар и на неколку дена, но овој пат го посветуваат токму на молитвата на светиот Рилски чудотворец, на Бога, да вкусат малку од оваа благодат што ја стекна и која стана извор на жива вода, кон која се стремат со векови, целиот бугарски народ и многу православни христијани кои доаѓаат овде да ја примат оваа благодат, што свети Јован Рилски ја побара од Бога, рече патријархот Даниел пред насобраните луѓе. Тој повика на ревност, молитви и покајание на поклониците за да се постават темелите за покајанието на целиот бугарски народ.

„Јован Рилски никогаш не престана да се застапува за сите нас, но ние не слушаме, не се обраќаме кон Бога и не го добиваме она што тој го бара. Господ така нека ја донесе во вашите домови меѓу пријателите, роднините, семејствата оваа радост, оваа духовна чистота, нешто што исклучително недостига во современиот свет и што е светлина што не можат, а да не ја забележат нашите браќа и сестри“, рече патријархот. Тој додаде дека е потребен мир, спокојство, филантропија, внимание и грижа за луѓето околу нас.

Како што вели свети Серафим Саровски: „Стекни мирен дух и илјадници околу тебе ќе се спасат“, ќе видиме како ќе почне да се случува, бидејќи дојдовме до таква ситуација што навистина Господ со својата промисла ни покажува дека ние можеме без него до ќорсокак и не добиваме ништо добро, ниту можеме да се надеваме на нешто добро во иднина без Него“, рече патријархот Даниел.

Верата никогаш не престанала, поклонението и почитта на нашиот народ кон свети Јован Рилски никогаш не престанало, но да даде Господ да се зголеми, да допре до повеќе бугарски срца и патот по кој чекорите да стане пат, кој, ако не толку физички да поминуваат луѓето по него, тогаш нивните срца да се отворат и молитвите да се воздигнуваат кон Бога, рече патријархот Даниил на крајот од осветувањето на водата.

Бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил посака успешно завршување на поклоненичкиот пат и повеќе луѓе да го следат овој пат и да го слават Божјото име.

Како што информира БТА, поклоничкото патување „Рилски Чудотворец“ започна на 1 август од Софија, а неговата крајна дестинација е Рилскиот манастир, каде што се моштите на Свети Јован Рилски. Вечерва  е поклонението пред моштите на светецот. Патувањето завршува утре со литија до гробот на Свети Јован Рилски.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан