• недела, 22 декември 2024

Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа

Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа

Вашингтон, 7 ноември 2023 (МИА) – За САД е „апсолутно неприфатлив“ коментарот на израелскиот министер за еврејско наследство, Амихаи Елијаху, кој во неделата зборуваше за идејата Израел да изврши нуклеарен напад врз Газа.

-И натаму веруваме дека е важно сите страни во овој конфликт да се воздржат од говор на омраза, рече заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, пренесен од британските медиуми.

Веднаш по дадената изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го казни Елијаху, со суспензија од владините состаноци „до следната одлука“. сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан