Партијата за движење на Турците реагира на изборот на претседател на Советот на експерти на МАПАС
- Скопје, 14 мај 2025
Скопје, 14 мај 2025
Партијата за движење на Турците – ТХП остро го осудува денешниот чекор на Собранието на Република Северна Македонија за именување на нов Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), кој очигледно не ги исполнува поставените законски услови. Оваа одлука е јасен показател за партизација на регулаторните тела, што директно ја загрозува нивната независност и професионална функционалност.
МАПАС, како клучен регулаторен орган, треба да работи со највисок степен на стручност и транспарентност, далеку од какво било политичко влијание или притисок. Наместо тоа, денешната одлука покажува дека власта настојува да ги стави институциите под контрола, прекршувајќи ги основните принципи на демократијата и владеењето на правото.
За време на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ постојано ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите. Сега, со слични практики, се поставува прашањето: дали процесот на „вленизација“ е во тек? Доколку власта продолжува да ги игнорира критериумите за независност и стручност, јавноста ќе ги смета сите нејзини постапки за политички мотивирани.
Партијата за движење на Турците – ТХП ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните и да се залага за спроведување на реформите во согласност со европските стандарди. Повикуваме на одговорност и почитување на законот, бидејќи само така може да се изгради доверба во институциите.
Партија за движење на Турците
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.