• петок, 05 декември 2025

Партизан го објави потпишувањето со Џабари Паркер

Партизан го објави потпишувањето со Џабари Паркер

Белград, 28 јуни 2025 (МИА) - Џабари Паркер (30) е подготвен за нов предизвик во својата кариера.

Американски крилен напаѓач ја напушти Барселона за да ја продолжи кариерата во Партизан.

Српскиот клуб официјално објави дека потпишал двегодишен договор со играчот избран на НБА драфтот во 2014 година.

Во 39 натпревари со каталонскиот тим во Евролигата минатата сезона, тој имаше просек од 27,3 минути по натпревар, 13,8 поени, 4,0 скока и 1,7 асистенции. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан