• петок, 19 декември 2025

Партерно се уредува просторот околу Градскиот пазар во Берово

Партерно се уредува просторот околу Градскиот пазар во Берово

Берово, 8 мај 2025 (МИА) - Завршуваат градежните активности за  реконструкција со партерно уредување, на просторот околу градски пазар во Берово. Со активностите, како што истакна градоначалникот Звонко Пекевски, Берово добива нов уреден простор и подобар пристап до градсиот пазар. 

- Денеска е асфалтиран просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1000 метри квадратни , со пристапни скали и рампа, истакна Пекевски.

Подобрувањето на инфраструктурата, во градот и населените места, како што додаде ќе остане приоритет во работата на Општината. 

Средствата за реконструкција на партерниот простор на Градски пазар се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ.

Средствста се обезбедени преку програмата за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти  од областа на транспортот за 2024 година, додаде Пекевски.

За оваа инвестицијата обезбедени се  2.125.907,00 денари. вс/


Фото: МИА

Остани поврзан