Партерното уреден дворот на училиштето во село Градец за поголема туристичка промоција на овој културно-историски локалитет во кривопаланечко
- Во рамки на проектот „Земја на легендите“ Општина Крива Паланка изврши партерно уредување на дворот во старото училиште во селото Градец, со што на овој значаен културно-историски локалитет се развива уште еден сегмент за туристичка промоција. За уредување на дворот и псотавување урбани содржини инвестирани се околу 60.000 евра.

Крива Паланка, 13 март 2025 (МИА) - Во рамки на проектот „Земја на легендите“ Општина Крива Паланка изврши партерно уредување на дворот во старото училиште во селото Градец, со што на овој значаен културно-историски локалитет се развива уште еден сегмент за туристичка промоција. За уредување на дворот и псотавување урбани содржини инвестирани се околу 60.000 евра.
-Проектот „Земја на легендите“ Крива Паланка го имплементираше во партнерство со збратимениот Град Лесковац во рамки на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија, кофинансирана од Европската Унија. Инвестицијата за партерно уредување на дворот на училиштето изнесува 3.660.000 денари, а вкупната вредност на проектот за двете општини изнесува околу 12.000.000 денари. Инвестицијата опфати партерно уредување на површина од 11.000 метри квадратни на локалитетот кај старото школо, во близина на црквата „Св. Никола“, поставена е урбана опрема, клупи и чешми, поставени се: сцена за одржување културни настани, тремови и настрешници, уредени се пристапи за лица со попречености и локацијата е хорикултурно уредена, информриа службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.
Уредувањето на дворот на училиштето е само уште еден сегмент што дава придонес кон промоција и афирмација на културно-историскиот локалитет Градец, со исклучителен потенцијал за понатамошен развој со интегрирана туристичка понуда, што содржи и археолошки локалитет, културолошки и релиогиозни содржини, како испосницата на светецот-закрилник на градот, Свети Јоаким Осоговски, црквата „Свети Никола“ и богати природни ресурси и потенцијали.
Од проектниот тим во општината информираат дека со проектот „Земја на легендите“ двете општини имаат изработено и заеднички прекуграничен маркетинг план за комуникација и видливост, е-публикација за културно-историско наследство, промотивно видео и заедничка туристичка понуда.
На повеќе фреквентни локации во двата партнерски града поставени се дрвени држачи со 30 различни видови лифлети, креирани во рамки на проектот, а истите содржат локални легенди и преданија од богатото културно-историско наследство на регионот.
Со реализацијата на овој проект интегрираната туристичката понуда на двата региони е проширена преку промоција на културно-историското наследство и традиција на Лесковац и Општина Крива Паланка.
Проектот се имплеменираше во периодот 2023-2024 година и е втор успешно реализиран ИПА –прекуграничен проект на овие две збратимени општини со чиешто партнерство во периодот 2021-2022 година се имплементираше проектот „Да ги поврземе бисерите" со кој беше уреден локалитетот Станечки водопади и изградена е пешачка патека кон Калин Камен во Општина Крива Паланка, а во Лесковац беше извршено уредување на кањонот Вучјанка. ид/дма/
Фото: Општина Крива Паланка