Парламентот на Финска го усвои Законот за враќање мигранти од трети земји од нејзината граница со Русија
- Парламентот на Финска го усвои контроверзниот Закон за враќање на мигранти од нејзината граница со Русија. Тоа ќе и овозможи на граничната полиција да ги отфрли барањата за азил од мигранти од трети земји кои се обидуваат да влезат на финска територија од соседна Русија.
![Парламентот на Финска го усвои Законот за враќање мигранти од трети земји од нејзината граница со Русија](https://mia.mk/images/20240712155933_big_730x400_29.webp )
Хелсинки, 12 јули 2024 (МИА) - Парламентот на Финска го усвои контроверзниот Закон за враќање мигранти од нејзината граница со Русија. Тоа ќе и овозможи на граничната полиција да ги отфрли барањата за азил од мигранти од трети земји кои се обидуваат да влезат на финска територија од соседна Русија.
Според Законот, граничната полиција ќе има овластување да ги блокира барателите на азил откако повеќе од 1.300 илегални мигранти пристигнаа на границата на Финска со Русија минатата година, принудувајќи го Хелсинки да ја затвори.
Финска ја обвинува соседна Русија дека води „хибридна војна“ и ја користи миграцијата како оружје, охрабрувајќи голем број баратели на азил од земји како Сирија и Сомалија да ја преминат руско-финската граница. Кремљ го отфрла ова тврдење. рп/
Фото: ЕПА