• среда, 04 март 2026

Парламентарни и локални избори во Бенин

Парламентарни и локални избори во Бенин

Котону, 11 јануари 2026 (МИА) - Во Бенин денеска се одржуваат парламентарни и локални избори, кои се сметаат за тест за излезноста на гласачите во земјата која е обележана со длабоки и понекогаш контроверзни политички реформи во последните години, објавија француските медиуми.

Повеќе од седум и пол милиони гласачи беа поканети да гласаат на околу 8.000 избирачки места, распоредени низ сите 77 општини во Бенин.

Бенин одржува истовремени парламентарни и локални избори за прв пат во сложен политички контекст.

Овие избори го означуваат почетокот на клучна изборна година, која им претходи на претседателските избори на 12 април 2026 година.

На денешните избори ќе бидат избрани 109 членови на парламентот, како и повеќе од 1.800 општински советници, чии мандати сега се продолжени на седум години по последната уставна ревизија.

Во парламентот во заминување, партиите поврзани со претседателот Патрис Талон имаат 81 од 109 места, во споредба со 28 за Демократите, главната опозициска партија.

За опозицијата, како и за сите политички актери, излезноста на гласачите е клучен показател за политичката легитимност на институциите. мс/

фото: Архива

Остани поврзан