• четврток, 26 март 2026

Парична помош од општина Куманово за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани

Парична помош од општина Куманово за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани

Куманово, 17 март 2025 (МИА) - Денеска се одржа вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред, предлог – одлука за доделување парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожар во дискотека во Кочани, што се случи на 16.03.2025 година.

По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена предлог-одлуката за доделување парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани. ам/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан