Паради на солидарност со Украина низ целиот свет
- Поворки и маршови се организираат по улиците низ повеќе градови во светот во знак на солидарност со Украина и противењето на руската инвазија, објавуваат странските агенции.

Сиднеј, 26 февруари 2022 (МИА) - Поворки и маршови се организираат по улиците низ повеќе градови во светот во знак на солидарност со Украина и противењето на руската инвазија, објавуваат странските агенции.
Неколку стотици луѓе маршираа низ Сиднеј во поддршка на Украина и побараа дополнителни мерки против Русија, додека демонстрантите во Токио бараа исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН.
Во Грузија, поранешна советска република која ја доживеа руската интервенција во 2008 година, околу 30.000 луѓе протестираа во петокот вечерта.

Со пораки за мир и против војна, грчките опозициски партии СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни, мирни протести пред руската амбасада во Атина.

„Путин, тргни ги рацете од Украина“, скандираа луѓето во Монтреал.
Протести во знак на солидарност со Украина за денеска се закажани во Париз. паг/