• петок, 21 февруари 2025

Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис

Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис

Рим, 14 февруари 2025 (МИА) - Папата Франциск (88) изутрината е хоспитализиран поради бронхитис, соопшти Ватикан.

„Денеска, по завршувањето на неговите аудиенции, папата Франциск беше примен во болница за да ги направи потребните тестови и да продолжи со лекувањето на бронхитис во болнички услови“, се вели во соопштението.

Папата во последните години имаше проблеми со грип и други здравствени проблеми. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан